Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, на прес-конференција потврди дека земјата е должна да ги спроведе уставните измени.
Тој рече дека првично ќе се фокусираат на подобрување на односите, а дури потоа ќе разговараат за третиот протокол.
„Секако, треба да работиме на уставни измени. Тоа е обврска без која не може да има отворање преговори и нема членство во Европската Унија.“
Сепак, како што нагласив, во овој момент не можеме да зборуваме за процес на уставни измени кога сите наши загрижености или дилеми не се соодветно разгледани. А за да се решат, мора да се воспостави редовен дијалог, мора да се врати довербата меѓу двете соседни земји за да можеме, на европски начин, да изградиме заедничка европска иднина“, рече Орхан Муртезани.
The post Муртезани: Земјата има обврска да спроведе уставните измени appeared first on Во Центар.



