Вечерва над 50.000 граѓани се собраа на протестите во главниот град на Бугарија, на протест против актуелната влада.
Протестите се организирани поради највените зголемеувања на даноците со новиот буџет за 2026 година. Граѓаните се незадоволни од владата и начинот на кој се води државата.
Освен во Софија, дополнителни над 30.000 демонстранти излегоа на улица и во повеќе од 10 големи градови низ Бугарија. Според информации од терен, причина за проширување на протестното движење е и како што велат граѓаните арогантниот и непочитувачки однос на владата кон граѓаните и приватниот сектор во текот на буџетските преговори.
Во моментов протести се одржуваат и во Варна, Бургас, Русе, како и во Пловдив, каде демонстрантите истакнуваат пароли за оставки, поголема транспарентност и дијалог во носењето на економските политики.
Организаторите на протестите најавуваат дека собирите ќе продолжат и во наредните денови, сè додека буџетските барања на јавноста не бидат слушнати и земени предвид. За сега, од владата нема официјален одговор на барањата од улица, но ситуацијата останува тензична, а граѓаните категорично порачаа дека ќе продолжат да го искажуваат својот глас и револт.



