Путин вели дека е подготвен за војна со Европа: Доби одговор од НАТО

Еден ден откако Владимир Путин изјави дека Европа е во опасност од војна со Русија, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, се појави пред новинарите во Брисел и му испрати низа многу директни пораки. Руте зборуваше по состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО за руските закани, поддршката за Украина и улогата на САД во мировните преговори.

„Путин верува дека може да нè надживее, но ние не одиме никаде“

Руте рече дека денешниот состанок на сојузниците е „уште еден јасен знак дека Путин греши“. „Путин верува дека може да нè надживее, но ние не одиме никаде“, рече Руте. Тој додаде дека помошта на НАТО „прави разлика на терен“, особено преку системите за воздушна одбрана.

„Никој не сака мир повеќе од Украина“, рече тој, истакнувајќи дека НАТО ќе „направи сè што е потребно“ за да ја заштити територијата и граѓаните на своите членки.

„Руското однесување стана крајно неодговорно“

Руте предупреди на „реални и трајни опасности“ што доаѓаат од Русија, наведувајќи ги кибер нападите и нарушувањата на воздушниот простор.

,,Ни треба непоколеблива будност“, рече тој.

Додаде дека членовите мора да „сторат повеќе“ и потсети дека сојузниците имаат за цел да инвестираат 5 проценти од БДП во одбрана до 2035 година.

Саботажа во Полска: „Тие ќе го почувствуваат нашиот одговор“

Кога беше прашан за неодамнешните „дрски напади“ што ѝ се припишуваат на Русија – вклучително и експлозија на железничка линија во Полска – Руте рече дека таквите напади се „крајно неодговорни и целосно неприфатливи“.

Тој рече дека на разузнавачките служби на НАТО и Полска е да ги расветлат деталите, но додаде: „Ќе реагираме на начинот што ќе го избереме – и тие ќе го почувствуваат тоа“.

„Само Доналд Трамп може да ја пробие блокадата на преоворот“

Руте повтори дека клучот за напредок во мировните преговори е во рацете на Вашингтон.

„Постои само една личност во светот која може да го прекине застојот во преговорите… Тоа е американскиот претседател Доналд Џ. Трамп“, рече тој.Тој го пофали ангажманот на тимот на Трамп во разговорите со руските советници.

Тој не сака да зборува за напредокот на преговорите меѓу САД и Русија

На прашањето дали Русија покажала поголем интерес за компромис во последните денови, Руте одби да одговори.

,,Го почитувам прашањето, но мислам дека е подобро да не се коментира за процесот“, рече тој.

Додаде дека НАТО мора „да продолжи да врши притисок врз Русија“ преку испораки на оружје во Украина и економски притисок, сè за Путин да разбере „дека нема друг излез освен компромис“.

Руте рече дека Русија троши 40 проценти од својот национален буџет за одбрана и дека НАТО мора да одговори: „Мора да реагираме“.

Тој изјави дека одлуките за мобилизација, регрутација и вклучување на жените во одбраната ги донесува секоја земја поединечно, но дека целта е јасна: да се зголемат капацитетите и да се обезбеди одбранбената индустрија да може да ги испорача потребните количини.

Оружје за Украина: „Две третини од сојузниците веќе се во програмата“

Зборувајќи за програмата PURL, иницијатива на САД и НАТО за снабдување со оружје на Украина, Руте рече дека „само мал број земји“ сè уште се надвор од шемата. „Две третини од сојузниците веќе се пријавиле“, рече тој. Тој рече дека распределбата на товарот е „во многу подобра состојба“ и дека сојузниците обезбедуваат „постојан проток на оружје“ што „врши притисок врз Русија“.

Руте рече дека верува оти ЕУ успешно ќе го спроведе планот за користење на замрзнатите руски средства за Украина, откако Урсула фон дер Лајен објави пакет вреден 79 милијарди евра.

,,Ако тоа не се случи, мора да ги најдеме парите на друг начин“, рече тој, додавајќи дека има „целосна доверба во раководството на ЕУ“.
The post Путин вели дека е подготвен за војна со Европа: Доби одговор од НАТО appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: