Апелациониот суд во Скопје ја поништи одлуката на Граѓанскиот суд со која беше забранет штрајкот на контролорите на летање во М-НАВ, донесена зад затворени врати, без расправа и без да се сослуша Синдикатот.
Со оваа пресуда, контролорите веднаш добија право да го реализираат најавениот штрајк, кој првично требаше да се одржи на 20 октомври, меѓу двата изборни круга. Од синдикатот обвинуваат дека раководство прави нова систематизација за вработување на несуштински кадар, наместо контролори на лет, конкурс кој не се реализира и ќе пропадне.
The post Во М-НАВ може да се штрајкува – Апелација ја поништи одлуката за забрана на Граѓанскиот суд appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



