Посетителите на плажата Хилтон Хед, во Јужна Каролина , неодамна беа сведоци на необичен настан, кога морето исфрли суштество на брегот, чиј изглед – необичен според денешните термини, им изгледаше застрашувачки на многумина.
Безбедносната служба веднаш реагирала, а подоцна било утврдено дека станува збор за риба, чие потекло датира од времето кога диносаурусите доминирале на планетата!
„Преживеани реликвии од античкиот свет“
Експертите утврдиле дека морето исфрлило млада атлантска есетра ( Acipenser oxyrinchus oxyrinchus ). Оваа риба е членка на семејството Acipenseridae и, заедно со другите есетри, се смета за „жив фосил“.
Имено, најстарите фосили од вистински есетри се стари околу 120 милиони години, но нивното потекло датира од пред стотици милиони години.
Денес ги наоѓаме во морињата и реките, а тие претставуваат „преживеани реликвии од античкиот свет“ – современи животни со анатомија што останала речиси непроменета од праисторијата .
Read “Rare prehistoric Atlantic sturgeon washes ashore in South Carolina” on SmartNews: https://t.co/yckhoU3DmU— #primalscreamgrammy (@mary_swilling) November 25, 2025
Исклучително ретки средби
По налог на Одделот за природни ресурси на Јужна Каролина (SCDNR), мртвите риби се замрзнати и ќе бидат препратени во нивната канцеларија во Чарлстон.
Експертите ќе преземат детални мерења, ќе земат примероци, ќе фотографираат и ќе ги достават податоците до Националната служба за морски ресурси. Ваквите наоди се драгоцени, бидејќи средбите со есетра во оваа област се исклучително ретки.
„Тоа е млад примерок. Тој е еден од двата вида што живеат во водите на Јужна Каролина, заедно со кратконосната есетра ( Acipenser brevirostrum ). И двата вида се строго заштитени со федерален закон“, објасни биологот Елен Волдроп.
Драстично намалена популација
Иако некогаш пливале во огромен број, популацијата на есетра нагло се намалила поради прекумерниот риболов и уништувањето на живеалиштата.
Возрасните примероци денес можат да достигнат должина од околу четири метри и тежина од над 300 килограми, објавува „The Jerusalem Post“.
The post Морето исфрли на брегот суштество од времето на ДИНОСАУРУСИТЕ: Мештаните беа искрено ШОКИРАНИ, само погледнете! appeared first on Во Центар.



