Полскиот премиер Доналд Туск остро реагираше на новата американска безбедносна стратегија, во која се критикува состојбата на демократијата и слободата на изразување во Европа, велејќи дека партнерството меѓу Европа и САД е основа на западната безбедност.
„Европа е вашиот најблизок сојузник. Имаме заеднички непријатели. Барем така беше во последните 80 години“, рече Туск, нагласувајќи дека единствената разумна политика е одржување на силни трансатлантски односи: „Мораме да се држиме до тоа, тоа е единствената разумна стратегија за нашата заедничка безбедност. Освен ако, се разбира, нешто не се променило.“
Dear American friends, Europe is your closest ally, not your problem. And we have common enemies. At least that’s how it has been in the last 80 years. We need to stick to this, this is the only reasonable strategy of our common security. Unless something has changed.— Donald Tusk (@donaldtusk) December 6, 2025
Во четврток вечерта, Белата куќа објави нова стратегија во која американската влада предупредува на „ерозија на демократијата и слободата на говорот во Европа“ и повикува на промена на овој тренд. Коментарите на Туск дојдоа во време кога Вашингтон и европските престолнини се справуваат со последиците од растечките геополитички тензии и сè погласните популистички влијанија.
Туск реагираше и на новиот бран контроверзии откако заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, ја поддржа пораката на Илон Маск во која американскиот милијардер повикува на укинување на Европската Унија и враќање на целосниот суверенитет на земјите-членки. Туск го означи токму овој момент како дополнително предупредување за тоа колку е важно да се зачува европското единство во време кога руските претставници, како и дел од американската десница, отворено се радуваат на идејата за слаба или распадната ЕУ.
Да потсетиме дека рускиот функционер Дмитриј Медведев отворено ја поддржа најавата на Илон Маск во која сопственикот на платформата X тврди дека „ЕУ треба да се укине, а суверенитетот да им се врати на земјите-членки“. Медведев му одговори на Маск со кратка порака „Токму така“, што во европските политички кругови беше протолкувано како јасно руско задоволство од секој обид за поткопување на европското единство.
Соопштението на Маск доаѓа во време кога тој е во жесток конфликт со Европската комисија, која ја казни неговата платформа X со 120 милиони евра за кршење на правилата за транспарентност од Законот за дигитални услуги (DSA). Маск возврати со напади врз Брисел и врвни европски функционери, обвинувајќи ги за цензура и тврдејќи дека казната претставува напад врз слободата на говорот и американските технолошки компании. Овој наратив веднаш беше прифатен од многу американски десничарски политичари, кои ја нарекоа казната удар врз САД.
The post Туск по објавата на Маск: Американци, имаме заеднички непријател, освен ако нешто не се променило appeared first on Во Центар.



