Симон Бајлс ја покажа својата физичка трансформација: „Пред и по операцијата на градите“

Американската гимнастичарка Симон Бајлс спореди како изгледала пред и по операцијата на градите, а видеото го привлече вниманието на корисниците на TikTok.

Во видеото таа позираше во маички и бикини. Таа доби бројни комплименти во коментарите за одлуката јавно да го објави ова.

„Изгледаш прекрасно, и пред и потоа“, „Изгледаат толку природно“, „Гледам дека ти се зголеми самодовербата и тоа е единственото нешто што е важно“, се некои од коментарите.

@simonebilesowens before & after the ’s ♬ motive x promiscuous – ℳ

Таа претходно во интервју за списанието „Пипл“ изјави дека не донела одлука да ги зголеми градите бидејќи претходно не се чувствувала удобно во сопствената кожа.

„Очигледно ги забележуваш своите гради. Освен тоа, станува збор само за тоа да се чувствуваш добро и да се сакаш себеси и отсекогаш сум била гласна за тоа. Не е дека не ми се допаѓаше како изгледам или како се чувствувам. Тоа е само нешто што очигледно го забележувам малку повеќе бидејќи живеам во ова тело, едноставно сум толку навикната на тоа“, рече таа.

После тоа, таа откри на TikTok дека имплантирала 310 кубни метри импланти. Ги сметала за најдобра опција за најприроден изглед.

„Висока сум 1,48 метри и тешка 52 килограми. Исто така, имам многу широки рамена. Тие се буквално најголемиот дел од моето тело“, рече таа.
The post Симон Бајлс ја покажа својата физичка трансформација: „Пред и по операцијата на градите“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: