Зошто јајцата не треба да се чуваат во фрижидер? Причината што ја откри готвачот го шокираше интернетот

Дебатата за тоа каде да се чуваат јајцата повторно се разгоре откако британскиот готвач Џејмс Мартин изјави дека тие никогаш не треба да се чуваат во фрижидер.

Иако со години се дебатира дали е подобро да се чуваат во фрижидер  или на собна температура, Мартин вели дека постои една клучна причина зошто секогаш ги чува надвор од фрижидерот.

За време на гостувањето во емисијата „This Morning“, популарниот готвач објасни дека лушпата од јајцето е порозна, што значи дека ги апсорбира мирисите и аромите на храната во близина.

Според него, токму затоа јајцата не се добри за чување во фрижидер, бидејќи можат да ги „прифатат“ мирисите на друга храна и на крајот да го променат вкусот на јадењата во кои се користат.

Мартин ги демонстрираше своите совети во студиото подготвувајќи два колачи „Викторија пандишпан“ – едниот со пилешко, а другиот со паткини јајца.

Додека презентерите се обидуваа да погодат која верзија е подготвена со кои јајца, готвачот привлече внимание на фактот дека квалитетот на јајцата е клучен за добри резултати , но и дека начинот на кој се чуваат влијае на нивниот вкус, особено во фини, ароматично чувствителни рецепти.

– Сите јајца се порозни, и затоа не треба да се чуваат во фрижидер – истакна Мартин, додавајќи дека ладната и влажна средина на фрижидерот ја зголемува можноста јајцето да апсорбира мириси од околината.

Неговиот совет брзо стана тема на дискусија на социјалните мрежи, при што многу гледачи беа изненадени од тврдењето дека студот може да го расипе природниот вкус на јајцето. Иако експертите за храна имаат различни мислења за ова, Мартин верува дека собната температура е најдобра за зачувување на автентичната арома.

Без разлика дали се согласувате со него или не, едно е сигурно – дебатата за тоа каде е вистинското место за јајца ќе продолжи да ги дели домаќинствата.
The post Зошто јајцата не треба да се чуваат во фрижидер? Причината што ја откри готвачот го шокираше интернетот appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: