На скопскиот аеродром приведен навивач од Словачка – на 10 лица не им беше дозволен влез поради агресивно и недолично однесување

На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот.

Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го приведоа Л.Т.(38) од Словачка, а на 10 други лица, исто така, од Словачка, не им беше дозволен влез во државата од безбедносни причини.

По целосно документирање на случајот, против Л.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.
The post На скопскиот аеродром приведен навивач од Словачка – на 10 лица не им беше дозволен влез поради агресивно и недолично однесување appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: