Познато е дека Норвешка е најголемиот извозник на лосос во светот, а сега бараат работници за фарми за лосос – платата по час е околу 19,86 евра.
Кверва е мал град на полуостровот Фосен во норвешката општина Орланд во округот Тренделаг. Регионот е познат по својата прекрасна крајбрежна линија и индустријата за аквакултура, а таму се наоѓаат неколку фарми за лосос.
Компанијата SalMar ASA, еден од најголемите светски производители на атлантски лосос, бара работници за тие фарми, објави „Ел Диарио Васко“, а објави и списанието Феникс.
Објавени се 100 работни места на неопределено време за кои не е потребно претходно работно искуство. Сепак, потребно е основно познавање на англиски или норвешки јазик. Од понеделник до петок, вработените работат во производството, но и во пакувањето, контролата на квалитетот…
Часовната плата е 228,46 норвешки круни, што е околу 19,86 евра. Со неделно работно време од 36,5 часа, проценетата месечна плата надминува 3.000 евра.
Благодарение на бонусите, како што е надоместокот од 20 проценти за попладневните смени, заработката може да биде уште поголема, а услугата за храна може да се користи за само две евра на ден. Рокот за аплицирање е 31 јануари 2026 година.
The post Норвешка бара работници: Плата над 3.000 евра, не е потребно искуство или диплома appeared first on Во Центар.



