Над 40 автошколи под сомнение за злосторничко здружување

Комисијата за одлучување по помали прекршоци при Комисијата за заштита на конкуренцијата објави дека, како дел од својата тековна работа за утврдување на евентуални прекршувања на Законот за заштита на конкуренцијата, извршила инспекција на неколку автошколи на територијата на Северна Македонија, при што во акцијата на Комисијата се опфатени активности поврзани со над 40 автошколи.

„При инспекцијата беа пронајдени индиции што укажуваат на можност за координирано однесување на автошколите – картел при формирањето на цените за обука на кандидати за возачи, што претставува можно прекршување на член 7 став (1) од Законот за заштита на конкуренцијата“, се вели во соопштението на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Комисијата вели дека ќе продолжи со интензивно собирање докази и детално утврдување на сите релевантни факти, а доколку се потврди постоењето на забранети договорни дејствија, ќе се преземат соодветни мерки согласно Законот.

Комисијата вели дека останува посветена на заштитата на конкурентскиот пазар и интересите на потрошувачите.
The post Над 40 автошколи под сомнение за злосторничко здружување appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: