Експертите откриваат 7 намирници кои не треба да се јадат во зима

Во зима, исхраната треба да се прилагоди на храна што е свежа, сезонска и достапна од локалната средина.

Храната што не е во сезона често е со послаб квалитет, безвкусна и помалку хранлива, вели Елизабет Сомер, авторка на „Јадете го вашиот пат до среќата“.

Аспарагусот може да се купи преку целата година, но има најдобар вкус напролет, кога е свеж и цврст.

Оние што пристигнуваат од Јужна Америка во зима често се тврди, дрвенести и безвкусни. Наместо тоа, експертите препорачуваат бриселско зелје, кое е богато со витамин Ц за зајакнување на имунитетот и витамин К за здравјето на коските.

Тие се особено вкусни кога се приготвуваат со домашна сланина.

Летото е сезоната кога праските се најслатки и најмиризливи, додека во зима тешко се наоѓаат. Зимските праски се претежно увезуваат и имаат многу полош вкус.

Подобра алтернатива се цитрусните овошја, како што се портокалите, кои се богати со витамин Ц и се идеални за зајакнување на телото во текот на студената сезона.

Пролетниот грашок е сладок и мек, додека зимскиот грашок е често брашнест и безвкусен. Наместо тоа, се препорачува замрзнат грашок, кој се бере во сезона и ја задржува својата природна сладост.

Пченка на кочан : Летната пченка е сочна и слатка, додека зимските кочани се тврди и безвкусни. Подобра опција е замрзнатата слатка пченка, која подобро ги зачувува хранливите материи како лутеинот.

Зимските јагоди често се чуваат во фрижидери долго време, па затоа го губат својот мирис, вкус и хранливи материи. Наместо тоа, препорачуваме замрзнати диви јагоди, набрани во шпицот на сезоната, идеални за колачи и десерти.

На крајот на летото , доматите се најсочни и највкусни, додека зимските домати од фрижидер ја губат својата свежина и ликопен. Подобра алтернатива се излупените или пасираните домати, особено органските верзии без конзерванси.

Во зима, боровинките се скапи, се расипуваат побрзо и содржат помалку витамин Ц. Наместо тоа, се препорачуваат замрзнати боровинки, бидејќи тие задржуваат речиси исто ниво на антиоксиданси како и свежите.
The post Експертите откриваат 7 намирници кои не треба да се јадат во зима appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: