Родителите на жртвите од кочанската трагедија велат дека досега не побарале појаснувања за истрагите против полицајците осомничени во случајот за да не се попречи постапката.
Но, додаваат дека рокот што им го дадоа институциите до 12 декември е истечен без конкретни дејствија.
Според родителите, одложувањето или неактивноста ја поткопуваат довербата во постапката и одговорноста во случаите каде што е докажана вината. Тие велат дека доколку нема мерки од обвинителството, ќе користат законски механизми за заштита на правдата.
„Загрижени сме од фактот што службениците на МВР кои се осомничени во овој конкретен случај се уште се на слобода и се движат меѓу граѓаните без јасни мерки на претпазливост, без да бидат суспендирани или без каков било друг вид институционална одговорност. Потсетуваме дека полициските службеници, според законот, имаат поголема одговорност поради природата на нивната работа, овластувањата што им се доверени и довербата што ја имаат граѓаните. Непостапувањето или одложувањето во овие случаи каде што осомничените се лица кои се посветени на обезбедување на спроведување на законот создава сомнежи за селективност што е спротивна на основните принципи на владеењето на правото“, изјави родител.
The post Родители на жртвите од трагедијата во Кочанк: Рокот за истраги е истечен, институциите не презедоа никакви мерки appeared first on Во Центар.



