Тошковски: Задоволен сум од проектот „Безбеден град“, граѓаните се повнимателни во сообраќајот

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од тест периодот на проектот „Безбеден град“.

Тој рече дека граѓаните веќе го забавиле возењето и дека бројот на сообраќајни несреќи е намален.

„Периодот на тестирање покажува дека Македонија има капацитет да биде нормална земја. Граѓаните покажаа дека дури и за време на периодот на тестирање, кога се имплементира ново решение, тие го разбираат и го забавуваат возењето во главниот град. Тие покажаа дека можат да се однесуваат поинаку и дека сега се вистински Европејци. Бројот на сообраќајни несреќи на територијата на Градот Скопјe е намален, особено случаите со тешки телесни повреди“, изјави Тошковски.

Ве потсетуваме дека декември и јануари се фази на предупредување за сообраќајни прекршоци евидентирани од системот „Безбеден град“, додека казните ќе започнат во февруари.
The post Тошковски: Задоволен сум од проектот „Безбеден град“, граѓаните се повнимателни во сообраќајот appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: