Евроинтеграцијата на Македонија, според поранешниот македонски амбасадор Ристо Никовски, одамна е во ќорсокак од кој излез не може да се бара со козметички потези, туку само со радикална промена во пристапот кон Брисел.
Во интервју за „Локално“, Никовски оцени дека сегашниот модел на европска интеграција е практично исцрпен и дека земјата нема реални шанси да стане членка на Европската Унија ако продолжи по истиот пат, без јасни рокови и со постојано прифаќање нови услови.
Тој смета дека Македонија повеќе нема простор за тактики и дека мора фундаментално да го преиспита својот однос со Европската Унија.
Според него, без радикална промена, членството останува само декларативна цел, без никаква практична перспектива.
Во овој поглед, Никовски е убеден дека идејата за нов, трет протокол со Бугарија не само што нема да донесе напредок, туку е илузија што не води никаде. Како што нагласува, Софија никогаш нема да прифати такво решение, а вистинскиот проблем останува недопрен.
Никовски единствениот излез од ситуацијата во која се нашла Македонија, како што вели, го гледа во поништувањето на вториот протокол со Бугарија.
„Во сегашните околности, Бугарија нема да дозволи Македонија да влезе во Европската Унија како држава со македонски јазик и идентитет“, додаде тој.
The post Никовски: Без радикална промена кон Брисел, Македонија нема теоретски шанси за членство во ЕУ appeared first on Во Центар.



