Ако сакате да го забрзате слабеењето, додадете ги овие два зачини во кафето

Утринското кафе често се смета за навика за будење, но состојките што му се додаваат можат да имаат различни ефекти врз вашето здравје. Иако самото кафе може да има позитивен ефект врз вашиот метаболизам, одредени адитиви можат да влијаат на регулирањето на шеќерот во крвта и тежината. Според нутриционистката Лиса Ендрус, два зачина се издвојуваат по своите потенцијални придобивки во овој контекст.

1. Цимет

Циметот, миризлив зачин што доаѓа од внатрешната кора на дрвјата, одамна е познат по своите лековити својства. Неодамнешните истражувања сугерираат дека циметот може да помогне во забрзувањето на метаболизмот и да го поттикне губењето на тежината со стабилизирање на нивото на шеќер во крвта.

„Циметот може да помогне во регулирањето на шеќерот во крвта со зголемување на експресијата на протеините кои го регулираат транспортот на гликоза, инсулинската сигнализација и регулирањето на покачениот холестерол и липидите во крвта. Мета-анализа на студии покажа дека три грама цимет дневно можат да помогнат во губењето на тежината“, вели Ендрус за SheFinds.

Таа исто така додава дека циметот е корисен за жени со инсулинска резистенција и PCOS (синдром на полицистични јајници).

„Три грама се еднакви на половина лажичка цимет, што е сосема остварливо“, истакнува таа.

2. Куркума

Куркуминот, активното соединение во куркумата, има антиинфламаторни и антиоксидантни својства кои можат да го подобрат метаболичкото здравје. Студиите сугерираат дека куркуминот може да помогне во зголемувањето на метаболизмот со подобрување на разградувањето на мастите и намалување на растот на масното ткиво. Исто така, е докажано дека куркумата ја подобрува чувствителноста на инсулин, што е клучно за регулирање на нивото на шеќер во крвта.

„Не плашете се од светло жолтата боја. Куркумата содржи куркумин, за кој е познато дека го намалува воспалението и оксидативниот стрес (оштетување на клетките)“, вели Ендрус.

Дополнително, таа ја истакна улогата на куркуминот во губењето на тежината според една студија.

,,Системски преглед на студиите покажа дека активната состојка во куркумата (куркуминот) може да помогне во регулирањето на шеќерот во крвта и губењето на тежината. Може значително да ги намали нивоата на шеќер во крвта на гладно, глицираниот хемоглобин и индексот на телесна маса“, објасни таа.
The post Ако сакате да го забрзате слабеењето, додадете ги овие два зачини во кафето appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: