Феноменалниот Норвежанец Ерлинг Халанд веќе постигна 147 гола во три и пол години колку што игра за Манчестер Сити, а одигра само 168 натпревари.
Колку е смртоносен пред противничкиот гол најдобро покажува фактот дека Халанд постигна повеќе голови во редовите на „Граѓаните“ од Кристијано Роналдо во текот на неговите две епизоди во Манчестер Јунајтед.
За потсетување, Роналдо прво играше за тимот од „Олд Трафорд“ од 2003 до 2009 година, а потоа од 2021 до 2022 година.
Во тој период, тој одигра 346 натпревари за Јунајтед и постигна 145 гола.
Сепак, кога ќе се земе целата бројка, Португалецот е убедливо најдобриот во светот. Имено, Роналдо постигна вкупно 950 голови во својата кариера.
Конечно, треба да се додаде дека оваа сезона Халанд постигна 17 гола за „Граѓаните“ во 16 натпревари во Премиер лигата и е убедливо најдобар стрелец во лигата.
The post Халанд постигна повеќе голови за Сити за три и пол години во Англија отколку Роналдо во двата наврата за Јунајтед appeared first on Во Центар.



