недела, 22 ноември 2026
Најново

ЦО на ЗНАМ, тие задоволни сами од себе

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Централниот одбор во проширен состав на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија   одржа седница на која беа разгледани и усвоени извештаите и анализите од Локалните избори 2025 година, како и заклучоците за понатамошното политичко дејствување на партијата.
Централниот одбор констатираше дека поставените политички цели за овие избори се реализирани и дека ЗНАМ од изборниот процес излегува посилно, поконсолидирано и политички појасно позиционирано од кога било досега, како сериозна и одговорна политичка сила со јасна насока на развој.
Со речиси 40.000 освоени гласови на советничките листи и присуството на ЗНАМ во повеќе од 45 општински совети, движењето  потврдило дека не е ниту проект, ниту привремена појава, туку стабилна и растечка политичка опција со поддршка низ целата територија на државата.

Поврзани вести