(ВИДЕО) Отпуштените службеници од ДУИ имаа и кревети во канцелариите, вели Стоилковиќ

 И под биро и на биро и на фотељи, администрацијата спие и не работи, и само 10 посто од нив ја вржат работата.Другото е партиска неспособна војска која лепела плакати и сега добила работа, а е целосно неквалификувана за работа.Замениците директори, тие се најголем келепур. Ако не се по службени ручеци исто дремнуваат , само они се заклучуваат за да не ги видат ,си имаат  своја канцеларија.

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ  на неговиот фејсбук-профил објави видео од канцеларија во министерството со кое раководи, а во која, како што вели, работеле отпуштените служеници од Демократската унија за интеграција (ДУИ).Тоа е самое еден мал инсерт од заспаната администрација.
Оваа објава на Стоилковиќ следи откако денеска опозициската ДИИ обвини за дискриминација во Министерството за односи меѓу заедниците, бидејќи вчера од оваа институција се отпуштени седуммина Албанци.

Вака, како што вели Стоилковиќ во описот на видеото, изгледа канцеларијата што ја оставиле вчера, откако биле отпуштени од работа.
На видеото се гледа дека покрај канцелариски мебел, во неа се поставени и душеци, како импровизирани кревети, а има и апарати за приготвување чај и тост сендвич.
„Ова е канцеларија во Министерството за односи меѓу заедниците, инаку претворена во ова што гледате, во која ‘работеа‘ вчера отпуштените службеници, кои, по некоја случајност се од ДУИ. По документирање на состојбата истите се испратени да си спијат дома. Толку“,напиша Стоилковиќ на Фејсбук.
Од ДУИ денеска соопштија дека одлуката за нивно отпуштање претставува директен удар врз принципите на рамноправност, коегзистенција и правична застапеност и не може да се оправда со невистинити и навредливи оправдувања за јавното мислење, како што е тврдењето за т.н. „дисциплинска мерка“.
„Во услови кога на вработените им се одземаат најосновните елементи за работа, како функционални канцеларии, столчиња, техничка опрема и конкретни задачи, секоја таква мерка е административна фарса и доказ за однапред смислена дискриминаторска намера“,се вели во соопштението од ДУИ.
Според партијата, министерството чија мисија е да ја штити меѓуетничката еднаквост свесно се претвора во очигледен пример за нејзино прекршување.
Ништо ново
За жал ова не е ништо ново и не е само со ДУИ. И под биро и на биро и на фотељи, администрацијата спие и не работи, и само 10 посто од нив ја вржат работата. Другото е партиска неспособна војска која лепела плакати и сега добила работа, а е целосно неквалификувана за работа.Замениците директори ако не се по службени ручеци исто дремнуваат , само они се заклучуваат за да не ги видат ,си имаат  своја канцеларија. Сите спијат, а ако не спијат дремат и се оговараат , гледаат филмови и серии, и затоа ниту една институција нема капацитет за тоа што се платени.И поради тоа сме неефикасно општество.Добро е ако некој почна да тресе заспаната администрација за да ја разбудиме државата.

Пронајдете не на следниве мрежи: