Возач од Скопје е приведен откако удрил во друго возило, а притоа била повредена 19-годишна девојка како пешак.
Несреќата се случила вчера околу 17 часот на улицата „Димо Хаџи Димов“ во Кисела Вода кога возачот удрил во товарно возило по што била повредена 19-годишната А.С.
Приведениот возач бил на возраст од 60 години со иницијали Б.К. Тој е приведен во 21:15 часот.
Повредената девојка се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, додека со телесни повреди се здобиле возачот на товарното возило Е.Е. и неговите сопатници К.К.(30) и М.Е.(19), двајцата од с..Морани, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава по член 300 од Кривичниот законик.
Пронајдете не на следниве мрежи:


