Грчката пратеничка Пети Перка, во својот јавен настап, го критикуваше градоначалникот на Лерин за, како што оценува, постапка на цензура пред одржувањето на традиционалниот локален празник “огновите“.
Пети Перка посочи дека младата музилка група “Ендопика”, која требаше да настапи на плоштадот кај судниците, била спречена да ги изведува своите песни со текст, поради незадоволство на градоначалникот или притисоци од интересни кругови.
Не смее да се дозволи мракот и национализмот да ги потисне културното наследство, традицијата и уметничкото изразување на нашата заедница. Музичката традиција, локалните мотиви и дијалектите се живи елементи на историјата и културната разновидност, тоа не претставува закана, – нагласи Перка.
Перка го повика градоначалникот и локалните функционери да се помират со напредокот и да ги остават на страна цензурата и екстремистичките влијанија, потенцирајќи дека демократијата и културата ги прифаќаат музиката и јазикот, а не ги потиснуваат.
Грчката партија Сириза ја оцени цензурата на градоначалникот на ЛеринБ на анда Ентопика, која на јавен исполни македонски песни, како – неприфатлива.
Објавата на Банда Ентопика за прекин на нејзиното појавување во Лерин од страна на градоначалникот Василис Јанакис и барем некои од стотиците присутни, поради песна што ја изведоа на македонски јазик, покажува сериозни проблеми во однос на слободата на уметничкото изразување и начинот на кој се третира. Особено од луѓе кои имаат моќ и позиции, па дури и во чувствителната и демократска област на локалната самоуправа, пишува во соопштението на Сириза на социјалните мрежи.
„Нетолерантните испади остануваат неприфатливи и штетни за потребната солидарност меѓу различните луѓе и народи, па дури и по повод музичкиот настап на бенд познат по пеењето на грчки, македонски, бугарски, турски, српски и ромски јазик“, се истакнува во реакцијата.
За жал, бендот беше принуден да разјасни дека нивното појавување не е платено од градоначалникот, како одговор на неговите коментари од минатиот понеделник вечерта дека „Јас плаќам“ и дека „не би пееле такви песни во мојот град“.
Во соопштението СИРИЗА-ПС нагласува дека никаков обид за цензура не треба да најде плодна почва и нема да биде толериран.


