Во пресрет на Нова Година и нејзиниот симбол Дедо Мраз денеска на две различни локации во државава се одржаа Дедомразовски трки.
Едната во Скопје со рекордно учество од над 800 натпреварувачи, а втората во Кавадарци.
Плоштадот во Скопје беше преплавен со натпреварувачи облечени како Дедо Мраз. Најстариот имаше 73 години. Трката во Скопје се одржува по 11. пат.
И центарот на Кавадарци беше обоен во црвено со учесници од најразлична возраст облечени како дедо Мраз најавувајќи ги претстојните новогодишни празници.
Нова Година и Божиќ се празници и на дарувањето и хуманоста. Така, традиционално и оваа година моторџиите од мото клубот во Куманово ги посетија дечињата од Дневниот центар за лица со посебни потреби, а изминатата недела традиционално Дедо Мраз и познатите ликови од цртаните филмови ги посетија дечињата од Детската клиника во Скопје.


