Возач од Косово со привремен престој во Арачиново се здобил со тешки телесни повреди откако претходно удрил во паркирани возила, контејнери и семафор.
Министерството за внатрешни работи денеска информира дека во петокот 52-годишниот С.Р. со возило „сеат“ удрил прво во три паркирани возила и три контејнери, а потоа и во возило во движење по што продолжил и на крстосницата на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ со бул.„Гоце Делчев“ удрил во семафор и во уште едно патничко возило во движење.
За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.


