“Pluri Consultoria”, бразилкската маркетиншка агенција, за потребите на бразилското списание Globoesporte ја процени точната вредност на најдобрите светски фудбалери.
На првото место очекувано се најде Лионел Меси, пред Кристиано Роналдо и Андрес Иниеста.
Лионел Меси е убедливо на врвот. Според бразилските проценувачи, моментално Меси вреди 140 милиони евра. Од минатата година, кога вредеше приближно 100 милиони евра, вредноста на Меси е порасната за околу 40%.
Порасна и вредноста на Роналдо (7%, сега вреди 96,3 милиони евра), како и онаа на Иниеста (5,2%, 68,4 милиони евра).
На четвротото место се наоѓа Вејн Руни, додека зад него следи Радамел Фалкао, чие место на скалата се издигна за 35 места во споредба со минатата година. Сега вреди 56,1 милиони евра или 87% повеќе од лани. Првиот Бразилец на листата е 20-годишниот напаѓач на Сантос, Нејмар.
Pluri во проценката на вредноста зема во предвид многубројни спортски параметри и критериуми за успешност, но во предвид е земен и маректиншкиот потенцијал.
Кога станува збор за највредните клубови, прва е Барселона со 671 милиони евра проценета вредност. Следуваат Реал Мадрид (593 милиони), Манчестер Сити (489 милиони), Манчестер Јунајтед (452) и Баерн Минхен (429).
Кога станува збор за тренерите, списокот го предводи Жозе Мурињо пред Карло Анчелоти. Двајцата вредат преку 15 милиони евра.
Пронајдете не на следниве мрежи: