НАЈголем број од нив и не знаат кој факултет го завршиле, само знаат колку пари платиле. И токму тука лежи еден од главните проблеми на капацитетот на инстиуциите, на државата на можноста за реформи и тотално образовно урнисаниот вредносен образовен критериум и систем. Нема за тоа дебата во јавноста затоа што сите се среќни и универзитетите кои продаваат дипломи, и неписмените кои имаат пемпеле дека се писмени и ВЛАСТА која неписмените свои членови со средно ќе ги вработи согласно закото со факултет.
Како да се реши тоа што на интернет во огласи се продаваат услуги со кои за 300 евра на студенти им се пишуваат магистерски и докторски трудови? Ова прашање денеска ѝ беше поставено на министерката за образование Весна Јаневска која рече дека ова е работа на полицијата и на инспекцијата.
-Можеме да влеземе во борба со тоа. Треба време, но ќе направиме платформа своевиден „ѕид на срамот“ каде ќе бидат објавени целосно трудовите, со рецензиите и потписите на професорите. Билтените ги читаат само заинтересираните и поминуваат различни типови на магистериуми и докторати. Вториот чекор е магистерските и докторатите да се објавуваат на оглас. Значи, Министерството да објавува огласи за тоа кои се потребите во различните области а студентите и професорите да се пријавуваат, рече проф. д-р Јаневска, пренесе Слободен Печат.
Таа додаде дека системот за детекција на плагијати plagijati.mon.gov.mk работи со застарен софтвер и затоа иднината е да се објавуваат трудовите и академската заедница да ги критикува.
Сепак, министерката не зборуваше за универзитетите, пред се приватните,кои буквално ги продаваат дипломите и дека во иднина би имало контроли , проверка на дипломите и санкции. КОрисниците на купените дипломи се главно партиски војски вработени во администрацијата и владини институции. НАЈголем број од нив и не знаат кој факултет го завршиле, само знаат колку пари платиле. И токму тука лежи еден од главните проблеми на капацитетот на инстиуциите, на државата на можноста за реформи и тотално образовно урнисаниот вредносен образовен критериум и систем. Нема за тоа дебата во јавноста затоа што сите се среќни и универзитетите кои продаваат дипломи, и неписмените кои имаат пемпеле дека се писмени и ВЛАСТА која неписмените свои членови со средно ќе ги вработи согласно закото со факултет. И така засега тема се само тие поучените кои им пишуваат докторати и магистерски ,на неписмените, а не универзитетите кои ги прифаќаат таквите писанија. Демек тема било дали се плагијат или не, а не се тема плаќачите кои нели се „снашле“ а од дипломата само ја знаат цената , тврдиот повез, а воопшто не ја знаат ниту темата, ниту што бранеле, и се тоа со амин на партијата и вработување што би рекле согласно закон и тоа за високо образование.
Пронајдете не на следниве мрежи:


