Засега не е познато каде ќе бидат венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес за време на судењето во Соединетите Американски Држави. Но, според обвиненијата, тие би можеле да бидат во затвор со максимална безбедност во Бруклин, Њујорк.
Имено, станува збор за Метрополитен притворниот центар, каде што, меѓу другото, бил и водачот на картелот Хоакин Ел Чапо Гузман, пред да биде осуден на доживотен затвор. Овој затвор е наменет за оние кои претставуваат голема безбедносна закана и е единствениот затвор во Њујорк, откако беше затворен оној на Менхетен, а по самоубиството на озлогласениот Џефри Епштајн во него.
По бегството на Ел Чапо од затвор во Мексико, во Метрополитен притворниот центар беа преземени сите мерки за да се спречи повторно бегство. Еден од создавачите на картелот на Ел Чапо, Исмаел Ел Мајо Замбада Гарсија, исто така беше во овој американски затвор сè додека не се изјасни за виновен за она за што беше обвинет.
Сè уште е нејасно дали Американците ќе ризикуваат да го затворат Мадуро во густо населената област на Њујорк, што само по себе претставува безбедносен ризик. Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека венецуелскиот претседател моментално се наоѓа на бродот „Ју-Ес-Ес-Иво Џим“, каде што ќе се соочи со обвиненија поврзани со наркотици и оружје, пишува CNN.
Ве потсетуваме дека Америка денес два часа по полноќ воено ја нападна Венецуела и ги уапси Мадуро и неговата сопруга. Тие се обвинети за соработка со нарко-картели.
The post Мадуро би можел да заврши во затвор со максимална безбедност, каде што беше и Ел Чапо appeared first on Во Центар.



