Симболиката на датумот на нападот врз Венецуела: Пред 36 години беше уапсен претседателот на Панама, а пред шест години беше убиен Сулејмани

САД започнаа напад врз Венецуела и во специјална операција ги киднапираа претседателот на оваа земја, Николас Мадуро, и неговата сопруга. Интересно е што датумот е трети јануари, веќе евидентиран во историјата на американскиот интервенционизам.

Пред 36 години, американските сили го уапсија диктаторот на Панама, Мануел Нориега, а во 2020 година, по наредба на Доналд Трамп, беше убиен високиот командант на Иранската револуционерна гарда, Касем Сулејмани.

Поранешниот сојузник на САД и информатор на ЦИА, Нориега, ја водеше Панама поголемиот дел од 1980-тите, но кон крајот на неговото владеење ја изгуби наклонетоста на Вашингтон поради обвиненијата за трговија со дрога.

Поранешниот претседател Џорџ Буш постариот ѝ нареди на американската војска да ја нападне Панама кон крајот на 1989 година, што го натера Нориега да се скрие во амбасадата на Ватикан пред да им се предаде на американските власти на 3 јануари 1990 година.

Тој беше осуден за трговија со дрога во САД и помина 20 години во американски затвор пред да биде испратен во Франција на отслужување казна за перење пари, а потоа во Панама каде што беше затворен за убиство и други обвиненија. Нориега почина во Панама во 2017 година.

Солејмани, некогашен командант на одделот за надворешни операции на Исламската револуционерна гарда, нејзините специјализирани сили Кудс, играше централна улога во насочувањето на иранските активности на Блискиот Исток со децении пред да биде убиен во американски воздушен напад на 3 јануари 2020 година.

Понекогаш познат како „командант во сенка“, тој ги водеше иранските напори за влијание врз настаните во регионот, надгледувајќи ги активностите во земји како Либан, Ирак и Сирија, а Иранците го сметаат за голем херој.
The post Симболиката на датумот на нападот врз Венецуела: Пред 36 години беше уапсен претседателот на Панама, а пред шест години беше убиен Сулејмани appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: