Трагедија во Волково: Прегазен пешак почина на лице место

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила вчеравечер во скопската населба Волково. Според првичните информации, маж на возраст од околу 60 години го загуби животот откако во него удрило моторно возило.

Поради сериозноста на повредите, пешакот починал на самото место, а полициски екипи веднаш извршиле увид за да ги утврдат причините за трагедијата.
Од Министерството за внатрешни работи денеска се очекуваат подетални информации за несреќата.

Пронајдете не на следниве мрежи: