Мицкоски: Ја поддржуваме операцијата против наркотици во Венецуела, стоиме зад САД

Владата на Северна Македонија ја поддржува американската операција против наркотици во Венецуела.

Премиерот Хриситјан Мицкоски изјави дека Владата стои зад аргументите и постапките на нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави.

Тој додаде дека она што најмногу го загрижува е молчењето на некои европски земји и светот кога се случуваше кршење на меѓународното право врз Македонија и македонскиот народ, додека сега, според Мицкоски, тие попуштија на коментари за тоа дали она што се случува во Венецуела е меѓународно право или не.

„Преседанот беше поставен кога се смени знамето на оваа земја, за да стане членка на ОН, кога се смени Уставот, уставното име, кога луѓето беа излажани дека за 3-4 години ќе станеме членка на ЕУ, дека ќе станеме членка на НАТО и така натаму. Ова се вистински преседани. Ние како Влада стоиме зад аргументите и постапките на нашиот стратешки партнер, Соединетите Американски Држави“, изјави премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски.
The post Мицкоски: Ја поддржуваме операцијата против наркотици во Венецуела, стоиме зад САД appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: