Во последниот натпревар од 20-тото коло на англиската Премиер лига, фудбалерите на Манчестер Сити ремизираа со Челзи, 1:1.
Водството на „Граѓаните“ го донесе Тијани Рејндерс, кој постигна гол во 42-та минута од натпреварот за водство на домашниот тим и го постави резултатот за првото полувреме.
Во продолжението имаше можности на двете страни, но резултатот не се промени сè до 94-тата минута од натпреварот кога Енцо Фернандез го провери Донарума и им донесе вреден бод на „сините“.
Сити е сè уште втор на табелата со 42 бода, шест помалку од водечкиот Арсенал, додека Челзи е петти со 31 бод, три помалку од Ливерпул, кој е на местото што води кон Лигата на шампионите.
Во следното коло, Сити ќе го пречека Брајтон на „Етихад“, додека Челзи ќе игра уште еден натпревар на гости, овој пат кај Фулам.
Резултат и стрелец :
Манчестер Сити – Челзи 1:1 (Рајндерс 42′ / Фернандез 90+4′)
The post Енцо Фернандез ги шокираше „Граѓаните“ во 94-тата минута и му помогна на Арсенал, Сити губи чекор во трката за шампионатот appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



