Македонски автобус излетал од патот кај Добановци во Србија

Македонски автобус синоќа излетал од патот кај местото Добановци.
Српските медиуми јавуваат дека не е позната состојбата на возачот и на патниците.

Како што пишуваат медиумите, возач на друг автобус застанал да помогне.
Србија е под силно снежно невреме. Сообраќајот се одвива отежнато, а Српскиот хидрометеоролошки завод излезе со предупредување дека е можен е леден дожд поради што се препорачува внимателно возење.

Пронајдете не на следниве мрежи: