Вештачењата на полицијата покажуваат дека двегодишното дете починало од залутан куршум

Досегашните вештачења на полицијата покажуваат дека двегодишното дете на новогодишната ноќ починало од залутан куршум, а не од куршум директно насочен кон него.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека истрагата е се уште во тек и се трага по сторителот, но дека во ваквите случаи се исклучително тешки за откривање на сторителот.
– Не станува збор за куршум директно насочен кон детето, туку за залутан куршум. Преземаме се да го утврдиме сторителот, но ова се многу тешки ситуации за утврдување и откривање на сторителот, изјави Тошковски.
Вели дека веќе се спроведува и истрага која треба да ги утврди наводите на родителите на детето дека имало полициска бруталност врз нив.

Пронајдете не на следниве мрежи: