ОВА Е „ВИП“ ЗАТВОРОТ КАДЕ МОМЕНТАЛНО СЕ НАОЃА МАДУРО: Многу познати лица, условите се „ужасни“, има многу насилство меѓу затворениците (ФОТО)

Покрај Мадуро, во затвор се и пејачот Р. Кели, музичарот Шон Диди Комбс, соучесничката на Џефри Епштајн, Џилијан Максвел, и поранешниот крипто-маг Сем Бенкман-Фрид.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро е префрлен од луксуз во Метрополитен притворен центар во Бруклин, во услови опишани како „ужасни“, објави Си-Ен-Ен.

Покрај Мадуро, во затвор се и пејачот Р. Кели, музичарот Шон Диди Комбс, соучесничката на Џефри Епштајн , Џилијан Максвел, и поранешниот крипто-маг Сем Бенкман-Фрид. Метрополитен е познат по недостаток на персонал, насилство меѓу затворениците и чести прекини на електричната енергија, а Мадуро таму ќе се соочи со обвиненија за нарко-тероризам.

Метрополитен е познат по хроничен недостаток на персонал, насилство меѓу затворениците и прекини на електричната енергија.

„За човек кој живеел во луксуз, ова сигурно ќе биде голема промена во животниот стил… на место кое долго време беше критикувано како нестандарден затворски објект“, рече Џон Милер, главен аналитичар за спроведување на законот и разузнавање на Си-Ен-Ен.

Милер рече дека Мадуро и Флорес веројатно ќе бидат класифицирани како притвореници под „специјални административни мерки“, ќе бидат чувани под висок степен на безбедност и евентуално изолирани еден од друг.

Во оваа институција, која е изградена во 90-тите години од минатиот век со цел да се реши проблемот со пренатрупаноста на затворите, меѓу другите се наоѓаат пејачот Р. Кели, соучесничката на Епштајн, Џилијан Максвел, поранешниот крипто-маг Сем Бенкман-Фрид, музичарот Шон „Диди“ Комбс, а водачот на нарко-картелот Исмаел „Ел Мајо“ Замбада Гарсија бил сместен таму пред судењето.

„Тоа е многу тешко место за да се биде затвореник“, рече адвокатот на Комбс, Марк Агнифило, на суд кон крајот на 2024 година.

Тој им рече и на судиите дека ќе му биде тешко на неговиот клиент да се подготви за судењето ако биде сместен во таа институција.

Насилство, прекини на електричната енергија и нехигиенски услови

Според Си-Ен-Ен, насилството е постојана закана во овој објект, а еден затвореник бил избоден до смрт во јуни 2024 година, додека друг починал во тепачка еден месец подоцна.

Прекините на електричната енергија се исто така проблем, поради што затворот беше во речиси целосен мрак една недела во 2019 година, поради екстремно ниските температури, потсетува CNN.

Министерството за правда отвори истрага за инцидентот, што резултираше со спогодба од 10 милиони долари за 1.600 затвореници погодени од прекинот на електричната енергија.

Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, се префрлени во притворен центар во Бруклин во Њујорк, а венецуелскиот претседател ќе се соочи со обвиненија за нарко-тероризам.
The post ОВА Е „ВИП“ ЗАТВОРОТ КАДЕ МОМЕНТАЛНО СЕ НАОЃА МАДУРО: Многу познати лица, условите се „ужасни“, има многу насилство меѓу затворениците (ФОТО) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: