Славниот холанѓанец упати бројни критики кон Манчини по поразот во Дортмунд.
Руд Гулит изјави дека било тажно да се гледа Сити во Дортмунд.
„Ако сакале да испаднат намерно, во ред, ја остварија целта, но требаше малку да се потрудат. А доколку сакаа да го продолжат натпреварувањето во Лига Европа, тогаш испаднаа будали“ изјави Гулит.
„Манчини има доволно играчи, мораше да игра и на пролет, да се обиде да го освои тој трофеј, на овој начин само покажа дека ситуацијата му избега од контрола и дека неговата летна кампања, да речеме доведувањето на Маикон е утка. Продадоа добри играчи кои можеа да донесат раздвижување во играта“ изјави Гулит.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: