СДСМ: Мицкоски е марионета под директно влијание од Белград

СДСМ денес го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека постапува по наредба на српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Мицкоскин не е независен лидер, туку марионета под директно влијание од Белград, што ја става нашата земја во опасност од регресија и изолација од Европа.

Ова не е само наше обвинување, туку е потврдено од бројни извештаи и статии од европски и меѓународни медиуми.Од пред два дена, сè се промени: апсењето на Николас Мадуро од страна на американските сили доведе до обвиненија за наркотероризам и перење пари.

Вучиќ, кој до вчера го фалеше Трамп, сега директно го напаѓа (лично и преку специјално координирана програма на неговите медиуми), нарекувајќи ја акцијата „уништување на меѓународното право“ и правото на „најсилните“, и најавувајќи удвојување на српските воени капацитети за „одбрана“.

Ова доаѓа откако Џаред Кушнер, зетот на Трамп, ја повлече својата компанија „Афинити партнерс“ од проектот за изградба на хотели „Трамп“ во Белград, поради корупциски скандал, апсења на министри и владини функционери, судења и протести, според написите во американските медиуми „Њујорк тајмс“ и „The Week“.

„Сето ова се случува поради паниката на Вучиќ дека би можел да биде следен на листата на американски санкции за корупција и криминал“, обвинуваат од СДСМ.
The post СДСМ: Мицкоски е марионета под директно влијание од Белград appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: