Стареењето е природен процес. Во услови кога младите луѓе имаат сè подинамичен живот и многу обврски, а имаат сè помалку слободно време, на старите лица им е потребна домашна нега за стари лица. Но, иако во земјата постојат државни и приватни институции, а се најавени и нови, интересот за сместување на стари лица во домот расте – потребен е дополнителен простор и персонал.
„Во сите јавни установи и во некои приватни за сместување на стари лица има листи на чекање“, информираа од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Оттаму потврдија дека има потреба од нови работни места во домовите за стари лица.
„Недостасува соодветен стручен кадар за да им служи на постојните институции за сместување на стари лица, како што се социјални работници, медицински сестри и лица кои се грижат за стари лица“, нагласи Министерството.
Вкупниот сместувачки капацитет во јавните установи е 676 кревети. Покрај јавните установи, сместување нудат и 38 приватни домови за стари лица. Вкупниот сместувачки капацитет во приватните установи е 1.609 кревети. Од постојните приватни установи, поголемиот дел се наоѓаат во Скопје.
The post Интересот за сместување во домовите за стари лица во Македонија расте, потребен е дополнителен простор и персонал appeared first on Во Центар.



