Повторени локални избори за градоначалници во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

  На полноќ завршува изборната кампања за повторените избори за градоначалник в недела на 11 јануари во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Изборниот молк ќе трае до завршување на гласањето на 11 јануари во 19 часот. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), гласачките ливчиња и апаратите за биометриска идентификација денеска се дистрибуираат до Општинските изборни комисии а оттаму ќе бидат подигнати од Избирачките одбори.

Кандидати за градоначалник на Гостивар се Невзат Бејта, од коалицијата Вреди и независниот Ваљбон Лимани поддржан од НАИ. Во Врапчиште кандидати за градоначалник се Исен Шабани од НАИ и Зуљхајрат Демири поддржан од Група избирачи. Во Центар Жупа има само еден кандидат за градоначалник и тоа Аријан Ибраим од Демократска партија на Турците. Во Маврово и Ростуше, пак, има двајца кандидати и тоа Онер Јакупоски, поддржан од Коалиција Твоја Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ и Анес Ахмети, кандидат на СДСМ.
Согласно членовите 132, 132а и 133 од Изборниот законик на повторените избори не е потребна излезност од една третина на гласачите туку за да се избере градоначалник треба за еден од кандидатите да гласаат повеќе од половината од излезените избирачи, вклучувајќи ја и Центар Жупа каде што има само еден кандидат, а се повторуваат затоа што на регуларните избори немаше доволно излезност.

Пронајдете не на следниве мрежи: