Двајца припадници на иранските безбедносни сили беа убиени во судири со демонстранти во покраината Ком во централен Иран, а едно тригодишно девојче исто така го загуби животот за време на протестите на западот од земјата.
„Како резултат на немирите што се случија синоќа во неколку области на Ком, двајца припадници на безбедносните сили беа убиени од вооружени терористи“, се вели во соопштението, пренесе РИА Новости.
Иранската телевизија, исто така, објави дека тригодишно девојче починало поради „агресивни дејствија на бунтовниците“ што се случиле во четврток во градот Керманшах, во западен Иран.
Во Иран веќе 13 дена траат протести поради тешката економска состојба, која избувна по девалвацијата на државната валута, иранскиот риал.
Првично, тие главно се фокусираа на острите флуктуации на девизниот курс и нивното влијание врз цените на големо и мало, меѓутоа, протестите во неколку ирански градови подоцна се претворија во судири со полицијата, а слоганите добија политички карактер – против сегашниот политички систем во Иран.
Пријавени се жртви и меѓу безбедносните сили и меѓу демонстрантите, а интернетот во земјата беше прекинат.
The post Има мртви, вклучувајќи и тригодишно девојче: Конфликтот на улиците на Иран ескалираше, бројот на жртви се брои, сè во земјата е во застој appeared first on Во Центар.



