Конечно забрана за пушење, во интерес на здравјето, а не во интерес на кафанџиите и профитот

Македонија е на прагот на донесување на најригорозниот закон за заштита од пушење во историјата на државата. Нацрт-верзијата на новиот законски проект најавува радикални промени кои целосно ќе го редефинираат однесувањето на пушачите, но и работата на угостителите и трговците. Главната цел на Министерството за здравство е преку овие драстични мерки да се спречи натамошното влошување на јавното здравје и да се заштитат помладите генерации. КОнечно на прво место е ставено здравјето на оние кои постојано се малтретирани од нахалноста и невоспитаноста на пушачите. Безобразлукот одеше дотаму што кафанџиите правеа профит и пари, точеа алкохол и дуваа цигари а непушачите беа целосно запоставени и нивниот чист простор затоа што повеќе пари и повеќе точен алкохол кинзумираа пушачите. Врв на приказната беа електронските цигари кои народски кажано мирисаа на пувеж, а себичните конзументи не бираа ни време ни место туку мислеа дека се Ин си испувокот во уста и загадуваа и на затворено и на отворено и во возила.НА страна  дефектите со пушење пред деца или нивна околина

Една од најзначајните измени се однесува на угостителскиот сектор, каде се подготвува дефинитивен крај за пушењето во сите затворени објекти, вклучувајќи ресторани, барови и меани. Новина е воведувањето на таканареченото правило на три страни за терасите. Пушењето ќе биде строго забрането на секоја тераса која не е целосно отворена од најмалку три страни, со што практично се оневозможува досегашната пракса на застаклување и преградување на летните бавчи во зимскиот период.
Законот за првпат навлегува и во приватниот простор на граѓаните со цел заштита на малолетниците. Се воведува стриктна забрана за пушење во автомобил доколку во него се превезува дете. Дополнително, листата на забранети зони се проширува и на отворени јавни простори како што се автобуските и железничките станици, пазарите и сите места каде што има голема фреквенција на луѓе.

Новите законски одредби ставаат знак на равенство помеѓу традиционалниот тутун и сите модерни алтернативи. Сите рестрикции подеднакво ќе важат за електронските цигари и вејп уредите. Уште поригорозна е најавата за целосна забрана за производство, увоз и продажба на тутунски и никотински производи кои содржат ароми или вкусови, со што се таргетираат производите кои се најатрактивни за младите.
Трговците исто така ќе мора да го менуваат начинот на работа. Се предвидува целосна забрана за визуелно изложување на цигарите во маркетите и киосците. Тутунските производи повеќе нема да смеат да бидат видливи на рафтовите, туку ќе мора да бидат скриени од погледот на купувачите. Секое директно или индиректно рекламирање на овие производи станува минато и она суштински , станува казниво.

Пронајдете не на следниве мрежи: