ДИК со првични неофицијални резултати од гласањето во четири општини

 

 

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги соопшти првичните и неофицијални резултати од денешните повторени избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа, врз основа на податоците што пристигнале преку електронскиот систем.
–Во општина Врапчиште запишани се 27 279 избирачи во Избирачкиот список, а се гласаше на ласаше на 39 избирачки места.  Вкупно гласале 8 622 гласачи, односно 32,37 отсто. За кандидатот на Национална алијанса за интеграција (НАИ) Исен Шабани добиени се вкупно 5 355 гласа, а за Зулхајрат Демири од Група избирачи 3 028 гласа, истакна на прес-конференцијата портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска.
Во Гостивар,  излезноста изнесува 30,34 отсто, односно гласале 23 637 гласачи.  За кандидатот од НАИ,  Ваљбон Лимани има 14 519 гласови.За кандидатот Невзат Бејта од Коалицијата ВЛЕН добиени се само  7 174 гласови.
-Во Маврово Ростуше вкупниот број наизбирачки места е 39, а во Избирачкиот список се запишани 10 575 избирачи.  На ниво на општина гласале вкупно гласале 2 918 гласачи, односно 28,51 процент.
Кандидатот Онер Јакуповски од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ добил 1 906 гласа, а за кандидатот Анес Ахмети од Колицијата предводена од СДСМ 938 гласови.
Во Центар Жупа се гласаше на 16 избирачки места,  излезност од 13,26 отсто. За кандидатот од Демокатската партија на Турците во Македонија, Аријан Ибраим добиени се 973 гласа.
ЗА утре се очекуваат  првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.

Пронајдете не на следниве мрежи: