Јајца сега има, пројдоа празниците, следно дигање на цената за Велигден

По крајот на празниците и сите руски салати, по неколку месеци вртоглав раст што го оптовари семејниот буџет, цената на јајцата конечно тргна надолу. Од денеска, во поголем дел од маркетите низ земјава, јајцата се продаваат по значително пониски цени, со што вредноста практично е вратена на нивото пред големиот ценовен шок од ноември минатата година. кокошките исто јадат , ама граѓаните го стегнаа празничниот каиш и сега јајцата дојдода на реална цена. Јајчарите голема пара нема да прават пошто пари немаат ниту за купувачите. Сега ова цена одговарала.

За потрошувачите, ова значи конкретно олеснување, табла од 30 јајца која до вчера чинеше околу 370 денари, сега може да се купи за 279 денари, додека пакување од 10 јајца од 135 денари падна на 99 денари. Дел од маркетите веќе ги коригираа цените, а ревидирањето ќе продолжи и во наредните денови.
 Причините за ваквото поскапување  велат биле  повеќеслојни и не се сведуваа само на домашните услови. Сепак јасно  е дека намалувањето е под влијание на Владата
  За сега, потрошувачите конечно добиваат мал здив. Дали ова олеснување ќе потрае подолго или ќе биде само кратка пауза по ценовниот ролеркостер, ќе зависи од тоа дали производствените услови и глобалните пазари ќе останат стабилни и секако кој ќе биде односот и толерантноста на Владата.

Пронајдете не на следниве мрежи: