„Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“ е избран за најповолен понудувач на тендерот за избор на трет мобилен оператор во државава.
Со тоа почнува да тече рокот од 10 дена за уплата на еднократниот надомест за трите фрекфенциски опсези во висина од 8.020.003 евра.
Одобрението за работа ќе се издаде штом се изврши уплатата, а компанијата може да побара пристап преку мрежите на постојните оператори додека да изгради своја инфраструктура.


