Ајде турбо повторно- Вечер е стара нова година. св Василије Велики на помош.

 ИЗгледа и нема крај со празнувањата. Така е на Балканот. Пари нема, иднина нема ама пијани месец дена се издржува. Тргна со зимските спортови (чит.слави) со нови,  со старо нови години , руски салати, кифлички, сарми, некаде и  прасиња  , скара на кило..и вино и ракија… Ќе се издржи уште Василицава со огнови и да се најде паричето ситно, во питата,  кое останува како кусур и триумф на стартот на новата година. Е тоа е држење до традиција  а од утре почнува трезнењето во секој смислол и мамурлукот од реалноста.Така е народски.

Верниците пак , православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер имаат сосема спротивна верска приказна и тие ќе ја пречекаат Стара нова година, која почнува утре на Василица (1 / 14 јануари).
Многу македонски семејства Василица ја празнуваат и како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача или во други краеви пита со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

По повод празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.
Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верскиот празник го слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

Пронајдете не на следниве мрежи: