Претседателот на бугарската партија „Постои таков народ“, Слави Трифонов, го коментираше кршењето на стаклото на влезната врата од бугарската амбасада во Скопје.
Тој проценува дека во Македонија постои омраза кон Бугарија, која, како што вели, трае со години и дека лично ја видел.„Не знам дали знаете, но едно лице во Северна Македонија се приближило до стаклената влезна врата на бугарската дипломатска мисија во Скопјe, го скршило стаклото и си заминало. Ова е снимено од безбедносните камери. Можеби ќе прашате: што е толку страшно, тоа е само парче стакло.“
„Па, да, но проблемот не е скршеното стакло, туку ставот. Обично сакате да го скршите стаклото на некој што не го сакате, или едноставно го мразите“, напиша Трифонов на социјалните мрежи.
Тој нагласи дека бил во Скопје пред неколку години и никогаш нема да заборави колку бил шокиран кога, како што вели, видел голем знак пред бугарската амбасада во центарот на Скопје, на кој наводно пишувало „Смрт за Бугарите“.
The post Трифонов: Во Македонија постои омраза кон Бугарија appeared first on Во Центар.



