недела, 29 ноември 2026
Најново

ОГРОМЕН ПРОБЛЕМ! Новак Ѓоковиќ го прекина тренингот по само 12 минути: Сè изгледаше многу болно…

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Вестите од Мелбурн воопшто не се добри за српскиот ас.

Турнирот едвај започна, а српскиот ас е во големи проблеми… Барем така изгледаат сцените од Австралија.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Новак Ѓоковиќ прво тренираше со Јиржи Лехечка во вторник, но потоа, во среда, за време на втората, попладневна сесија на теренот број 10, се пожали на болки, поради што реагираше Миљан Амановиќ.

Тој тренинг траеше само 12 минути, а Амановиќ имаше полни раце работа, со оглед на тоа што Новак страдаше од болки во вратот.

Оние кои ги гледале тие сцени велат дека сè изгледало многу болно за српскиот ас.

Новак повеќе разговараше со колегите отколку што тренираше, а во еден момент облече дуксер и го напушти тренингот. Пред сето ова, во утринските часови, Новак спарираше со Данило Медведев.

За потсетување, ждрепката за АО е закажана за четврток, додека турнирот започнува во недела.
The post ОГРОМЕН ПРОБЛЕМ! Новак Ѓоковиќ го прекина тренингот по само 12 минути: Сè изгледаше многу болно… appeared first on Во Центар.

Поврзани вести