Трамп нема посебна поддршка во својата земја за припојување на Гренланд: Мал процент од Американците ја поддржуваат неговата идеја за припојување на тој остров

Мнозинството испитаници, во анкета спроведена од новинската агенција Ројтерс и агенцијата за истражување на јавното мислење Ипсос, се противат на анексијата на Гренланд.

Ново истражување на јавното мислење покажува дека само 17 проценти од Американците го поддржуваат планот на американскиот претседател Доналд Трамп да го преземе Гренланд , а значително мнозинство гласачи, и демократи и републиканци, се противат на анексијата со воена сила, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Мнозинството испитаници, во анкета спроведена од новинската агенција Ројтерс и агенцијата за истражување на јавното мислење Ипсос, се противат на анексијата на Гренланд.

Анексијата на полуавтономниот остров, кој е дел од Данска , не е одобрена од 47 проценти од анкетираните Американци, додека 35 проценти велат дека се неодлучни.

Само четири проценти од анкетираните Американци, само еден од 10 поддржувачи на републиканците и речиси ниту еден поддржувач на демократите, изјавиле дека би било „добра идеја“ САД да употребат воена сила и да го преземат Гренланд.

Загриженост дека напорите на САД за контрола на Гренланд ќе им наштетат на НАТО алијансата и на односите на САД со сојузниците во Европа изразија 66 проценти од испитаниците, од кои 91 процент се демократски гласачи, а 40 проценти се гласачи на Републиканската партија.
The post Трамп нема посебна поддршка во својата земја за припојување на Гренланд: Мал процент од Американците ја поддржуваат неговата идеја за припојување на тој остров appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: