„Тајната ќерка“ на легендарниот Фреди Меркјури почина на 48-годишна возраст.
Тажната вест ја соопшти нејзиното семејство.
Според „Дејли меил“, Фреди ја нарекол својата тајна ќерка Биби. Нејзиното постоење беше откриено во јавноста дури минатото лето, во книгата „Со љубов, Фреди“ од авторката Лесли Ан Џонс.
Биби почина од рак на ‘рбетот. Нејзиниот вдовец Томас го контактираше Дејли меил за да каже дека таа починала „мирно по долга борба со хордома, редок рак на ‘рбетот, оставајќи зад себе два сина на возраст од девет и седум години“
– Taa сега е со својот сакан татко во светот на мислата. Нејзината пепел беше однесена од ветерот преку Алпите – рече Томас.
Лесли исто така откри дека Фреди ја нарекувал својата Биби и свое „богатство“ и „жаба“. Песните на групата „Queen“ – „Bijou“ и „Don’t Try So Hard“ се посветени на неа.
Во споменатата книга беше наведено дека Фреди имал дете со омажена пријателка и како го чувал постоењето на детето во строга тајна.
Биби ги гледала концертите на својот татко и ги следела неговите турнеи со „Квин“ на глобус што тој ѝ го подарил, се вели во книгата.
The post Почина тајната ќерка на Фреди Меркјури: Постоењето на Биби беше откриено дури минатото лето appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



