Андоновски: Забранети се уште 33 нелегални организатори на онлајн коцкање

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андовски, денес потпиша наредба со која се ограничува пристапот до нелегални веб-страници и веб-апликации преку јавни електронски комуникациски мрежи, во случаи на нелегално организирање коцкање.

„Со најновата наредба, вклучени се дополнителни 33 нелегални веб-страници, што значи дека вкупниот број на досега вклучени (забранети) нелегални веб-страници достигнува 307“, се вели во соопштението на Министерството за дигитална трансформација.

Наредбата, како што соопшти Министерството, е доставена до Агенцијата за електронски комуникации, која е должна да ја достави до операторот на електронска комуникациска мрежа за спроведување во рок од пет дена.

Министерството за дигитална трансформација предупредува дека ќе продолжат со тековните мерки за уништување на нелегалното онлајн организирање на коцкање, со цел заштита на граѓаните и унапредување на безбедноста во дигиталниот простор.
The post Андоновски: Забранети се уште 33 нелегални организатори на онлајн коцкање appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: