Првичниот извештај за катастрофалниот пожар во бар во Кранс-Монтана, кантон Вале, во кој загинаа 40 лица, а повеќе од 100 беа повредени, укажува дека причина за трагедијата била употребата на огномет во затворен простор.
Според наодите на истражителите, во урнатините на барот е пронајдена голема количина пиротехнички направи. Според извештајот, откриени се 25 фонтани за палење оган, додека при последователното пребарување се пронајдени уште 100 неактивни фонтани, како и нелегални петарди.
„Овие фонтани се неметални куќишта кои содржат пиротехнички состав кој генерира искри и пламен и се дизајнирани да произведуваат искри и пламен со акустичен ефект“, се вели во извештајот, како што објави германскиот „Билд“.
Истражителите веруваат дека пожарот започнал кога во зградата биле запалени огномет монтиран на шишиња шампањ. Експертот за пиротехника Ерих Фрај предупредува дека комбинацијата од огномет и стара, кршлива изолациска пена е исклучително опасна, бидејќи материјалот лесно се пали и овозможува брзо ширење на огнот и густиот чад.
Извештајот содржи и потресни сведоштва од преживеани. Еден 19-годишен гостин изјавил дека, обидувајќи се да се пробие низ толпата до скалите, бил принуден да ползи по телата на другите повредени луѓе за да се спаси.
Истрагата за одговорноста за трагедијата во Кран-Монтана е во тек, а надлежните служби најавуваат понатамошна анализа на безбедносните пропусти и употребата на пиротехнички средства во угостителските објекти.
The post Познато е што полицијата пронашла во барот каде што биле изгорени 40 млади луѓе: „Бев принуден да ползам по телa“ appeared first on Во Центар.



