Пациент на возраст од 69 години почина од компликации предизвикани од сезонски грип на Инфективната клиника во Скопјe.Како што соопшти директорот на Клиниката, Фадил Цана, пациентот бил донесен во сериозна состојба и имал коморбидитети.
„Пациентот бил донесен со развиена масивна пневмонија и синдром на акутен респираторен дистрес. Не бил вакциниран против сезонски грип, иако бил дел од групата пациенти кои требало да ја примат сезонската вакцина“, рече Цана.
Ова е втор случај на смрт од грип оваа година.Во моментов, околу 30 лица со грип се хоспитализирани на Инфективната клиника, додека во клиниката се вршат околу 100 прегледи секој ден.Од 5 до 11 јануари, во земјата се регистрирани 2.322 пријавени случаи на грип/заболувања слични на грип.Во сезоната 2025/26, вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип достигнува 6.147.
The post 69-годишен маж почина од компликации од грип на Инфективната клиника во Скопје appeared first on Во Центар.



